Соопштенија

Денеска, заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Андреј Жерновски оствари средба со генералниот директор за политички работи при британското министерство за надворешни работи, амбасадорот Ричард Мур.

 

AZ20180704OA 9220

Заменик министерот Жерновски изрази благодарност за континуираната поддршка што британската Влада ја дава на Македонија во насока на нашата НАТО и ЕУ интеграција. Особено го потенцира интензивирањето на политичкиот дијалог и посетата на британскиот премиер Тереза Меј на Македонија, во месец мај о.г. Информираше за реформските мерки на Владата, како и за преземените активности во функција на остварување на надворешно-политичките приоритети на Македонија. 

Генералниот директор Мур ја реафирмира јасната и недвосмислена поддршка од Обединетото Кралство за напорите на Република Македонија да стане полноправна членка на НАТО, со акцент на претстојниот Самит на Алијансата во Брисел на 11-12 јули 2018 година.  Изрази охрабрување во насока на реализација на нашите стратешки приоритети за почеток на преговорите со Европската Унија, при што го поздрави напредокот во спроведувањето на потребните реформи и преземените активности за решавање на билатералните прашања со соседите.

AZ20180704OA 9239

Укажувајќи на Берлинскиот процес како многу значаен за регионот на Југоисточна Европа и за развој на сите земји од Западен Балкан во повеќе општествени сегменти, истакна уверување дека Самитот во Лондон што ќе се одржи следната недела ќе биде голем успех за регионот и за Европа.

Конзуларни услуги