Интервјуа и говори

Обраќање на МНР Никола Димитров во Собранието на Република Македонија за Договорот со Грција.

 

Никола Димитров:  Благодарам почитуван претседателе на Собранието, почитувани пратеници, преставници на граѓаните, почитувани граѓани, почитувана јавност.

Живееме историски денови и имам чувство на должност и одговорност да се осврнам на образложението на петте точки кои што беа изнесени во писмото од страна на претседателот на Република Македонија до Собранието образложувајќи зошто не го потпишува Указот за прогласување на Законот за ратификација на конечната спогодба со Грција.

Најсодржинската точка е точката 1 каде што се вели дека не може да се прифатат идеи или предлози што би го загрозиле македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот. Ве уверувам дека ниту јас ниту било кој член или претседателот на Владата на Република Македонија прифаќа такви идеи. Како што во многу наврати потенциравме конечната спогодба е сосема спротивното. Таа не само што не го загрозува македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот, туку ги реафирмира и зацрврстува како никогаш до сега. Во пракса Спогодбата ќе донесе етаблирање токму на нашиот идентитет и ќе ја надмине сегашната ситуација на вечна борба со оспорувано именување несоодветна придавка за јазикот или за народот. Со конечната Спогодба ќе имаме во Европската унија и во другите меѓународни организации печатање на документи на македонски јазик во македонски превод.

Sobranie 01

Во точка 2 се споменува и се цитира Уставот,  мислам дека сме должни да бидеме искрени, тоа им го должиме на граѓаните, како што не може идентитетот да се брани компромитирајќи го, тоа всушност се случи со процесот на антиквизација така не може Уставот да се брани кршејќи го. Уставот на Република Македонија децидно вели претседателот своите права и должности ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законот, член 79 став 3. Понатаму, претседателот може да одлучи да не го потпише указот за прогласување на Законот, Собранието повторно го разгледува законот и до колку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници претседателот е должен  да го потпише указот, повторувам, претседателот е должен да го потпише указот. Ова е многу недвосмислена одредба.

Член 75 став 3 од Уставот претседателот на Република Македонија е одговорен за кршење на Уставот и законите во вршењето на своите права и обврски. Се вели во точка 3 дека Спогодбата излегува надвор од опфатот на резолуциите 817 и 845 од 1993 година на Советот за безбедност на Обединетите нации затоа што во нив се зборува за разлика околу името на државата, а не за разлики како што зборува оваа спогодба. Моментот дека конечната Спогодба е надвор од опфатот на резолуциите 817 и 845 е површна како на наведените резолуции така и на конечната Спогодба и затоа е целосно неточен аргумент.

Спогодбата многу прецизно го следи текстот на резолуциите но и на привремената спогодба од 1995 година и  во таа смисла секаде каде што е неопходна правна прецизност, а во смисла, цитирам - на разликата која постои во однос на името на државата  817 оперативен параграф 2 е наведено разликата и секаде каде што може да биде разликите или преостанатите прашања Резолуција 845 од 1993 година оперативен параграф 2 наведено „разликите или прашањата“. Има многу други документи како што се писма, извештаи на генералниот секретар до Советот за безбедност за преговорите меѓу двете страни или писма на претседателот на Советот за безбедност на Обединетите нации се споменуваат овие прашања.

Понатаму, се вели дека Спогодбата нема уставен основ и не е ратификувана во согласност со Уставот. Правната основа за водењето на преговорите и за склучување на конечната спогодба е утврдувана во наведените резулуции 817 и 845 и членот 5 од Времената спогодба став 1 според кои во наводници цитирам: „Страните се согласија да ги продолжат разговорите под покровителство на генералниот секретар на Обединетите нации, согласно Резулуцијата 845 со цел постигнување спогодба во однос на разликата опишана во таа Резолуција и во Резолоцијата 817.

Sobranie 02

Понатаму во членот 23 од Времената спогодба е наведено дека таа ќе остане во сила се додека не биде надмината со конечна спогодба. Согласно Уставот, член 119 став 2, како и согласно Законот за склучување на ратификација и извршување на меѓународни договори, член 3 и Владата може да склучува меѓународни договори во име на Република Македонија кога е тоа определено со закон. Пред мене е законот за склучување на ратификација и извршување на меѓународни договори ќе го прочитам членот 3: „Меѓународните договори во име на Република Македонија ги склучува претседателот на Републиката“ Тоа е став 1.

Понатаму, меѓународни договори во име на Република Македонија може да склучува и Владата на Република Македонија со кои се уредуваат прашања од областа на: економијата, содржано е во договорот, финансиите, науката, содржана е во договорот, културата, образованието и спортот, содржана е во договорот, сообраќајот, врските, урбанизмот, градежништвото, заштита на животна средина, содржана е во договорот, земјоделство, шумарство, водостопанство, здравство, енергетика, содржана е во договорот, правдата, трудот и социјалната политика, човековите права, дипломатско - конзуларните односи, содржана е во договорот, како и од областа на одбраната и на безбедноста на државата, содржана е во договорот, и мислам дека исто нешто што треба јавноста да го знае е дека според евиденцијата во Министерството за надворешни работи на Република Македонија од независноста до денес Собранието ратификувало 897 меѓународни договори. Од овие 897 меѓународни договори, 5 склучил претседател на Република Македонија. значи, од 897, 5 склучиле претседатели и ќе ги кажам кои се: 1995 Договор за пријателство со Турција, потпишани се Глигоров и Де Мирел, 1998 година Декларација не е ни договор Глигоров и Елцин, 1999 година, Пријателство Македонија и Украина, потпишани претседателот Глигоров и претседателот Кучман, 2001 година, Република Македонија и Сојузна Република Југославија за протегање и опис на државната граница, потпишани претседателот Трајковски и претседателот Коштуница. И, последниот 2002 година, Договор за пријателство меѓу Македонија и Романија, претседателот Трајковски и претседателот Илиеску. И, мислам дека е време да се сослушаме и правилно и вистински да го толкуваме членот 3 од Законот за меѓународни договори и членот во Уставот кој што 119 прави јасна надлежност кој може да склучува меѓународни договори во името на Република Македонија.

Последниот аргумент е на линија  на ширење на страв, во време кога нас ни треба пред се храброст и одговорност во и ум за сите идни генерации во Република Македонија. се вели цитирам: Дека спогодбата ја доведува Република Македонија во положба на потчинетост и зависност спрема друга држава односно спрема Република Грција. Според член 308 од Кривичниот законик, граѓанин кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја држава и т.н. Привршувам. Ова е застрашувачка манипулација што мора да се разобличи во 30 секунди тоа ќе се обидам да го направам. Ако зависноста и потчинетоста е фактот дека Македонија преговарала и постигнала конечна спогодба, согласно наведените правни основи што веќе ги споменав. Тоа е целосно правно не оддржано бидејќи Македонија ја превземала таквата обврска со зачленувањето во Обединетите нации и со потпишувањето на времената Спогодба 1995 година.

Sobranie 03

Најважно можеби кое од овие дејствија и што од Спогодбата ја загрозува нашата независност бидејќи тоа е кривично дело загрозување на независноста. Спогодбата напротив отворајќи врати за членство во НАТО и почеток на нашиот пат кон Европската Унија само ја потврдува и ја заокружува и нашата независност и нашата државност односно Спогодбата од дефакто зависност бидејќи се работи за спор земја на членка Македонија и земја членка Грција, не извлекува од таа независност и не носи во услови на независност.

Време е да се најдеме на интересите на татковината, сите ние имаме лични интереси, некои од нас имаат партиски интереси меѓутоа сите заедно мора да бидеме сплотени на државните и на татковинските интереси. Не може Европскиот совет од крајно компликувани услови во Европската Унија да најде засходно во заклучоците сега од 28 и 29 јуни состанокот во Брисел еден цел параграф да посвети и да каже Европа е горда на договорот на Македонија со Грција, на договорот за пријателство со Бугарија а ние одиме кон тоа, целиме кон Европската Унија и НАТО а да бидеме против овој процес.

Дајте луѓе да пораснеме, сериозни времиња се, не гледаат и нашите деца и нашите дедовци и нашите баби.

Благодарам.

Конзуларни услуги