Соопштенија

На првиот ден од петтата Kонференција на високо ниво за Западен Балкан (Самит), под покровителство на британскиот премиер Тереза Меј, МНР Никола Димитров учествуваше на панел дискусијата “Иднината на Берлинскиот процес” со невладини и младински организации.

 

Министерот Димитров имаше посебни обраќања на работниот ручек, како и на пленарната дискусија посветена на билатералните прашања.

Family Photo

МНР Димитров: „Нашиот пристап при решавање на билатералните прашања е искрен: отворен дијалог, се трудиме да ги сфатиме барањата на другата страна, немаме скриена агенда”.

Panel diskusija 01

Dimitrov Duncan 01

Конференцијата се организира во рамките на „Берлинскиот процес“, чии членки се шесте земји од Западен Балкан (Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија), и петте земји-членки на ЕУ: Германија,  Aвстрија, Франција, Италија, Велика Британија. Во својство на набљудувачи во процесот учествуваат Бугарија, Словенија и Хрватска.

Конзуларни услуги