Соопштенија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денеска го прими новоименуваниот амбасадор на Кралството Саудиска Арабија во Република Македонија, Абдулмомен бин Мохамед Шараф (Abdulmomen bin Mohammed Sharaf), кој ги предаде копиите од акредитивните писма за неговото именување како вонреден и ополномоштен Амбасадор на Кралството Саудиска Арабија во Република Македонија, со седиште во Тирана.

SAM 5941

Посакувајќи му успех во извршувањето на дипломатската мисија, министерот Димитров го потврди нашиот интерес за натамошниот развој на односите меѓу двете пријателски земји и изрази уверување дека амбасадорот Шараф, со своето дипломатско искуство и личен ангажман, ќе даде значаен придонес во овој правец.

SAM 5947

Во продолжение на средбата, беа разгледани можности за продлабочување на односите и унапредување на соработката во различни сфери на билатерален план, а беа разменети и мислења за надворешно-политичките приоритети на двете земји, како и за актуелни регионални и меѓународни прашања.

Конзуларни услуги