Соопштенија

На 16 јули 2018 година, министерот за надворешни работи, Никола Димитров ги прими копиите од акредитивните писма на новиот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија, Рејчел Галовеј.

 

ND20180716OA 9397

На средбата, МНР Димитров ѝ посака топло добредојде на амбасадорката Галовеј и упати желби за успешна работа во нашата земја. Во оваа прилика, имајќи ја предвид 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи, министерот Димитров повтори дека Обединетото Кралство е еден од најважните партнери на Република Македонија и изрази уверување дека преку нејзиниот амбасадорски ангажман врските на долгогодишното македонско–британско пријателство и соработка дополнително ќе се зајакнат.

ND20180716OA 9401

Соговорниците разменија мислења за повеќе области на билатералната соработка, пред сè, во делот на реформите во јавната администрација, безбедноста, дигитализацијата и образованието, за кои Обединетото Кралство најави дека ќе ја зголеми финансиската поддршка. Исто така, во фокусот на македонско-британската соработка во идниот период останува да биде поддршката на процесот на интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ. 

ND20180716OA 9407

Конзуларни услуги