Соопштенија

Денеска, на покана на Карин Кнајсл, министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија и актуелен претседавач со Советот на ЕУ, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, присуствуваше на свеченото отворање на проминентниот Салцбург фестивал во својство на специјален гостин. Покрај Димитров, присуствуваа и претседателот на Португалија, Марсело Ребело де Соуса, и премиерите на Република Чешка, Андреј Бабиш, и Естонија, Јури Ратас, како и специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија, Стaфан де Мистура.

slika 1

За време на дружењето и средбата на министрите Димитров и Кнајсл, од страна на австриската Министерка за надворешни работи беше потврдена поддршката за Република Македонија и земјите од Регионот во однос на нивната перспектива за членство во ЕУ, како еден од приоритетите на Австриското претседателство со Унијата.

slika 2

Во разговор со специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија, Стaфан де Мистура, на кој присуствуваше и австриската министерка Кнајсл, беа разменети мислења околу состојбите на Блискиот исток и изнаоѓањето на трајни и одржливи решенија за кризните жаришта во овој регион, со посебен акцент на справувањето на состојбите со мигрантите. Притоа, уште еднаш беше потврдена позитивната улога на Република Македонија во овој процес.

slika 3

Конзуларни услуги