Соопштенија

Денеска министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров оствари проштална средба со амбасадорот на Република Бугарија во Република Македонија, Иван Петков.

 

 SAM 5957

Министерот Димитров изрази благодарност за успешниот професионален и личен ангажман на амбасадорот Петков и неговиот значаен придонес во развојот на меѓусебните односи и македонско – бугарското пријателство. Во последната година, преку склучувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, двете соседни земји отворија сосема ново поглавје во меѓусебните односи, за што сведочат и оддржувањето на првата Заедничка владина седница, нагорниот тренд во економската размена како и исклучителната поддршка на Република Бугарија за остварување на нашата европска и евроатланска перспектива. 

 SAM 5972

Посакувајќи му успех во извршувањето на неговите идни ангажмани, министерот Димитров му врачи плакета во знак на благодарност на амбасадорот Петков.

 

Конзуларни услуги