Македонија во светот

На 31 август 2018 година, новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Француската Република, Јадранка Чаушевска Димов ги предаде акредитивните писма на претседателот Емануел Макрон,  на свечена церемонија во Елисејската палата во Париз.

 

44340097242 52f9bf5c96 o

Претседателот Макрон во кусиот разговор за време на церемонијата,  ја афирмираше својата силна поддршка на реформските процеси на Владата на Република Македонија и искажа подготвеност Франција да продолжи да ги охрабрува активностите кои се во насока на целосно евроатлантско и европско  интегрирање на Република Македонија.

43481445975 f6f1aee411 o

Конзуларни услуги