Соопштенија

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски денес учествува на традиционалниот, 13-ти по ред „Бледски стратешки форум 2018”.

 

IMG 20180911 130614 730

ЗМНР Жерновски на традиционалниот Бледски стратешки форум кој денес се случува во Блед, Словенија оствари конструктивни разговори на маргините со цел унапредување и создавање нови партнерства и пријателства.

На средбата со МНР на Малта, Кармело Абела се разговараше за интензивирање на односите помеѓу двете држави на неколку полиња и беше добиена поддршка од страна на Малта за успешност на пртестојниот рефрендум, како и желба да ја видат Република Македонија како рамноправна членка на ЕУ и 30-та земја-членка на НАТО.

Беше реализиран состанок и со Томас Осовски, специјален претставник на германското министерство за надворешни работи за изготвување на повеќегодишната финансиска рамка на Европската унија. Од негова страна беше упатено уверување дека Германија стои цврсто позади напредокот на Република Македонија и даваат силен поттик во пресрет на референдумот, поттик за Договорот со Грција и Бугарија и гаранции за влез на Македонија во ЕУ и НАТО.

IMG 20180911 121253 233

ЗМНР Жерновски присуствуваше и на работен ручек, организиран од страна на Изток Мирошич, државен секретар на МНР на Словенија. Од страна на сите присутни на ручекот беше испратена и потврдена силната поддршка за позитивните процеси во Република Македонија и охрабрување од меѓународните партнери во напорите да ја направиме Македонија демократска, просперитетна и целосно функционална и кохезивна мултиетничка држава.

На билатералниот состанок со МНР на Шри Ланка, Васанта Сенајаке беа отворени прашања за поблиска и поголема трговска соработка и размена меѓу двете земји.

Во продолжение на Форумот во попладневните часови, ЗМНР Жерновски ќе има свое обраќање на панелот „Западен Балкан: Изгубени години или нова надеж?". Ќе биде истакнато дека Република Македонија е важен дел од Европа, но, во исто време, треба да се признае дека за да станеме дел од Европската Унија, со сите права и обврски, треба да продолжиме по патот на развојот и посветеноста на демократските вредности.

IMG 20180911 121255 965

„На 30 септември ќе имаме блиска средба со иднината, ќе си погледнеме очи во очи со безбедна, сигурна, мирна, пријателска и стабилна европска Македонија", ќе изјави Жерновски на Форумот. Генерацискиот предизвик пред нас е патриотски предизвик. Престојниот референдум е историска одлука и ќе го трасира незапирливиот процес на интеграција и просперитет на нашата земја. Отсекогаш знаевме и знаеме каде припаѓаме. Затоа сите, мора да направиме СЕ што е можно, без никакво двоумење и калкулација, за Македонија да продолжи на тој пат. Нашата безбедност и сигурност можеме да ја најдеме само како членка на НАТО и Европската Унија, ќе истакне Жерновски во своето обраќање на панелот „Западен Балкан: Изгубени години или нова надеж?".

Конзуларни услуги