Соопштенија

Mинистерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров денес оствари средба со министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Стеф Блок, кој престојуваше во возвратна посета на нашата земја.

 

Poseta na MNR na Holandija 1684

Ова претставува четврта билатерална средба на министери за надворешни работи на Република Македонија и Кралството Холандија за период од 15 месеци, што претставува потврда за зголемениот интензитет на политичкиот дијалог меѓу двете земји.

Poseta na MNR na Holandija 1709

На средбата беа разменети мислења за најновиот развој на внатрешно политичките состојби во Република Македонија, реформската ЕУ и НАТО агенда, регионалната соработка, како и за подготвителните активности поврзани со референдумот на 30 септември.

Министерот Димитров изрази благодарност за континуираната билатерална помош и поддршка од Холандија за реформа на јавната администрација и приближување кон европското законодавство, а во насока на реализација на стратешките приоритети на нашата земја. Континуираната поддршка од Холандија, земја која е витална и просперитетна европска демократија, за Македонија е од исклучително значење – истакна министерот Димитров.

Poseta na MNR na Holandija 1713

Холандски министер Блок го поздрави постигнатиот напредок во текот на изминатата година во делот на реформската агенда за приближување на Република Македонија кон ЕУ и НАТО, посебно акцентирајќи го значењето од постигнатиот Договорот со Грција. Министерот Блок истакна дека исходот од претстојниот референдум и постигнувањето видливи резултати во домашните реформи се исклучително важни за непречено приближување на Република Македонија кон Европската Унија и ефектуирање на поканата за членство во НАТО.

Poseta na MNR na Holandija 1718

Poseta na MNR na Holandija 1774

Конзуларни услуги