Соопштенија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денес имаше средба со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Вес Мичел кој престојува во работна посета на нашата држава. На средбата беше разговарано за Евро-атлантските перспективи на Република Македонија, како и за актуелните политички состојби во земјата и во регионот.

MFA 1859

Министерот Димитров ја потенцираше важноста од натамошна поддршка на САД во евро-атлантските интеграции на Република Македонија и соработката заснована на стратешкото партнерство: „Нашето заслужено членство во Алијансата, значително ќе придонесе кон градење на просперитетна и побезбедна Република Македонија,  што ќе биде од значење и за целиот регион“.

MFA 1871

MFA 1875

Помошник државниот секретар Вес Мичел, повторно ја реафирмираше силната поддршка на САД за полноправно членство на Република Македонија во НАТО и ЕУ. Тој ги поздрави напорите на Република Македонија на тој пат, особено со конструктивната политика со соседите, како и постигнувањето на решение за спорот околу името со Грција. Во тој контекст, тој ги повтори очекувањата за успешен референдум и имплементација на Договорот со Грција, со цел заокружување на процесот на зачленување во НАТО и Европската унија.

MFA 1888

Конзуларни услуги