Соопштенија

На 13 септември, на покана  на министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Дитмир Бушати престојуваше во официјална посета на Република Македонија.

 

MFA 1905

Во разговорите, министрите Димитров и Бушати изразија обострано задоволство од развојот на односите и соработката меѓу Република Македонија и Република Албанија, кои ги врзува и заедничка перспектива во рамки на европските интеграции. Обострано беше потврдена посветеноста кон градењето добрососедски односи, како заеднички придонес кон стабилноста и просперитетот на регионот и неговата европска и евро-атлантска перспектива.

MFA 1928

Министрите разменија мислења и околу можностите за натамошно унапредување на билатералната и регионална соработка, вклучително со конкретни проекти од аспект на инфраструктурното поврзување, во делот на транспортот и енергијата, трговската размена, културата, како и во други области од заеднички интерест.

MFA 1976

Конзуларни услуги