Соопштенија

Заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Андреј Жерновски оствари еднодневна посета на Република Австрија, при што се сретна  со генералниот секретар на сојузното министерството за Европа, интеграција и надворешни работи во Виена, Јоханес Петерлик.

 

IMG c165151

За време на средбата беше поздравена одличната билатерална соработка меѓу двете земји како, интензивираниот политички дијалог и соработката во повеќе сектори, со заложби за нивно натамошно унапредување.

Се разговараше и за тековниот реформски процес, внатрешно-политичката состојби во Република Македонија и одржувањето на претстојниот Референдум. „Иднината не може да ја промениме, но таа е во наши раце и убеден сум дека на 30 септември граѓаните ќе го препознаат историскиот момент за одлука”, истакна заменик министерот Жерновски.

Австрија како актуелен претседавач со Европската Унија, ја реафирмираше силната и континуирана поддршка во правец на реализација на нашите стратешки определби, кои се од исклучително значење за Република Македонија и регионот на Југоисточна Европа. „По успешниот референдум, на кој сите се надеваме, Австрија би била подготвена значително и конкретно да ја зајакне поддршката во реформските процеси, особено во сегментот на безбедност и организираниот криминал”, истакна Генералниот секретар Петерлик.

Конзуларни услуги