Соопштенија

На 13 и 14 септември 2018 година во Република Македонија престојува државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, Аудун Халворсен.

 

MFA 2098

На средбата со својот домаќин, државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Виктор Димовски, беше разговарано за билатералната соработка и натамошното унапредување на односите во сите области од заемен интерес, како и за чекорите кон што поскоро интегрирање на Република Македонија во НАТО и Европската Унија.

Државниот секретар Димовски се заблагодари за континуираната и недвосмислена поддршка од страна на Кралството Норвешка за членство на Република Македонија во Северно Атлантската Алијанса, преку билатералната проектна соработка, притоа нагласувајќи ја целосната посветеност на Владата за реализација на домашните реформи.

Државниот секретар Халворсен, ја реафирмираше поддршката од Норвешка во реализацијата на нашите стратешки приоритети, потенцирајќи дека Владата на Република Македонија донесе храбри одлуки со кои се отвори патот кон добивање на долго очекуваната покана за членство во НАТО и почеток на преговорите со Европската Унија.

Во рамките на својата посета, државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, Аудун Халворсен беше примен и од министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров.

MFA 2062

Конзуларни услуги