Македонија во светот

На 12 септември 2018 година новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Полска Васил Пановски на свечена церемонија му ги предаде акредитивните писма на Претседателот на Република Полска Анджеј Дуда.

 

04 erb 3810 3

Во краткиот пригоден разговор амбасадорот Пановски изрази задоволство од достигнатото ниво на пријателски односи и сестрана соработка меѓу двете земји и заблагодари на досегашната континуирана поддршка на Полска во напорите на Република Македонија за вклучување во европските и евроатлантските интеграции. Претседателот А.Дуда изрази интерес за актуелните случувања во Република Македонија и го повтори уверувањето дека со успешно затворање на процесот за надминување на проблемот со името конечно ќе се деблокира процесот на вклучување на Република Македонија во НАТО и ЕУ за што Полска силно се залага. Во разговорот обострано беше изразено уверување дека постојат можности за натамошно интензивирање на билатералната соработка особено во економската сфера.о краткиот пригоден разговор амбасадорот Пановски изрази задоволство од достигнатото ниво на пријателски односи и сестрана соработка меѓу двете земји и заблагодари на досегашната континуирана поддршка на Полска во напорите на Република Македонија за вклучување во европските и евроатлантските интеграции. Претседателот А.Дуда изрази интерес за актуелните случувања во Република Македонија и го повтори уверувањето дека со успешно затворање на процесот за надминување на проблемот со името конечно ќе се деблокира процесот на вклучување на Република Македонија во НАТО и ЕУ за што Полска силно се залага. Во разговорот обострано беше изразено уверување дека постојат можности за натамошно интензивирање на билатералната соработка особено во економската сфера.

На крајот од церемонијата амбасадорот Пановски положи венец на Гробот на незнаениот војник.

Конзуларни услуги