Соопштенија

Министерството за надворешни работи, како институција директно поврзана со процесот на гласање на дијаспората во македонските ДКПа, најостро го осудува објавувањето на снимки на социјални медиуми како и навредите кон македонски граѓани во Австралија, кои решиле да излезат и да гласаат на референдумот.

Ова претставува директно прекршување на основното демократско право на гласање, но и влијание врз референдумскиот процес, како и прекршување на правото на приватност за време на гласање. Каков било обид за влијание или притисок врз гласачите на денот на гласање за референдумот е недопустливо.

Локалните власти во Австралија се веќе известени за немилиот настан. Овие сериозни прекршоци се недопустливи и во најскор можен рок ќе се преземат сите законски мерки за санкционирање на чинителите.

Повторуваме, никој нема право да навредува и никој нема право да спречува и со тоа директно да влијае врз гласачкиот процес, граѓани кои одбрале да го исполнат своето демократско право и да гласаат на референдумот.

Конзуларни услуги