Соопштенија

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски, учествува на министерската Конференција на Меѓународната организација на Франкофонијата која на 8 и 9 Октомври 2018 година се одржува во Ереван, Ерменија.

 

ДСЕК Димовски

Во своето денешно обраќање, државниот секретар Димовски ја реафирмираше улогата на Република Македонија како активен член на оваа организација која е посветена на надминување на политичките и економските предизвици со кои се соочува современиот свет.

(Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски): „Ја нагласуваме нашата цврста определба да продолжиме да придонесуваме за зачувување на мирот, безбедноста и стабилноста кои се промовирани од организацијата на франкофонијата, паралелно со нашиот ангажман за промовирање на меѓународен поредок заснован на целите и принципите на Повелбата на ООН, меѓународното право, суверенитетот и територијалниот интегритет на државите. Како дел од франкофонското семејство, континуирано ги афирмираме вредностите на македонското општество - демократијата, мултиетничноста, толеранцијата и солидарноста"

На маргините на Конференцијата, државниот секретар Виктор Димовски оствари билатерални средби со шефовите на делегациите на Франција, Швајцарија, Грција и Романија.

Конзуларни услуги