Македонија во светот

По повод турнејата на Македонската филхармонија во Кралството Шпанија и одржаните два концерти во градовите Сарагоса и Хуеска, во Мадрид, во организација на Амбасадата на Република Македонија, беше одржан свечен коктел во чест на македонските музичари.

 

IMG 9636 1

Првиот концерт беше одржан на  30 октомври, во Аудиториумот во Сарагоса. Оркестарот на Македонската филхармонија беше предводен од истакнатиот шпански диригент, маестро Рикардо Касеро, а како солист се претстави македонскиот виртуоз на виолина, Ѓорѓи Димчевски. Пред шпанската публика беа изведени дела од Едгар Лало (Шпанска симфонија оп. 21 за виолина и оркестар) и Михаил Глинка (Шпанска увертира бр. 1). Делата беа изведени пред повеќе од 1500 луѓе, во една од најрепрезентативните сали во Шпанија.

По одржаниот концерт, беше  организиран свечен коктел на кој се обрати в.р. Тина Џеповска, изразувајќи надеж за продлабочување на културната соработка, но и унапредување на односите  во сите полиња од заемен интерес помеѓу Република Македонија и Кралството Шпанија. Свое обраќање имаше и директорот на Македонската филхармонија, Виктор Илиевски. На коктелот беа присутни претставници на дипломатскиот кор во Сарагоса, Почесни и Генерални конзули, високи претставници од општината на Градот Сарагоса, како и претставници на Конгресот за музика на Сарагоса.

IMG 9724 1

На 1 ноември, во рамките на турнејата беше одржан и вториот концерт, во Хуеска, кој исто така беше посетен од многубројна шпанска публика. Во рамките на посетата беше остварена и кратка средба со Директорот на Конгресниот центар на Хуеска, каде што беше и одржан концертот.

Конзуларни услуги