Интервјуа и говори

Македонија: Скопје очекува во 2019 година почеток на пристапните разговори за ЕУ

Со оглед на напредокот во спорот со името со Атина, министерот за надворешни работи на Македонија Димитров смета дека пристапните разговор за ЕУ ќе отпочнат во 2019 год.

Новинар: ALBRECHT MEIER
Линк: https://bit.ly/2Oxr5rF

3 format1007

Photo: TOBIAS SCHWARZ/AFP

Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, во четвртокот се сретна со својот германски колега Мас на работен доручек.

Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, смета дека ЕУ на крајот на идната година ќе отпочне пристапни разговори со неговата земја. „Со оглед на нашите успеси, сакаме да постигнеме, на земјите членки на ЕУ да им е скоро невозможно, да не постигнат консензус за почетокот на пристапните разговори“, рече Димитров за Тагесшпигел. Но, за Македонија, процесот на пристапување кон ЕУ е поважен од возниот ред, додава тој. Наша највисока цел не е пристапувањето кон ЕУ, заради самото тоа, туку ние сакаме да го искористиме процесот на пристапување, за да ја направиме земјата европска“, вели Димитров.

Земјите членки на ЕУ идната година ќе одлучуваат, дали да се отпочнат пристапни преговори со Македонија и Албанија. Европската Комисија се залага за тоа, и понатаму да го стабилизира Западниот Балкан и да делува спротивно на зголеменото влијание на Русија, Турција и Кина во Регионот. Со Србија и Црна Гора, ЕУ веќе од почетокот на деценијата води пристапни преговори.

Димитров, кој во четвртокот во Берлин се сретна со сојузниот министер за надворешни работи Хајко Мас (СПД) на работен доручек, во разговорот со Tagesspiegel укажа на успесите во деценискиот спор за името со Грција, кој досега го блокираше пристапувањето на неговата земја во ЕУ и НАТО. Грција бара преименување на Македонија, бидејќи Атина инаку стравува од територијални претензии на соседната земја.

Договор со Грција

Во јуни, претседателот на Владата на Македонија Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас постигнаа пробив и договорија преименување на земјата во „Република Северна Македонија“. На необврзувачки референдум во Македонија на крајот на септември промената на името навистина беше одобрена со големо мнозинство, но недостасуваше кворум. Во меѓувреме, Собранието во Скопје го ослободи патот за потребните уставни измени. За таа цел, Владата на Заев зависеше и од гласовите на десно ориентираната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

 За да можат уставните измени заради промена на името наскоро да ја преминат и последната пречка, на Владата повторно и е потребна поддршка од опозицијата. Димитров делуваше убеден, дека и кај завршното гласање во Собранието ќе биде обезбедено потребното двотретинско мнозинство. Во редовите на опозицијата има како поддржувачи, така и противници на измената на Уставот, вели тој.

Мас оддава признание на напредокот на Македонија

Мас, по средбата со својот македонски колега, оддаде признание за напредокот на земјата од Балканот. „Македонската Влада силно се заложи да го реши спорот за името со Грција“, истакна Мас за Tagesspiegel. „Да се имплементира историската спогодба, навистина е голем чекор, кај кој Скопје постигна вистински напредок“. Тој го охрабрил Димитров, по овој пат да чекори одлучно, но и внимателно. Според Мас, ако се реши спорот со името, ќе отпадне една одлучувачка пречка за натамошното приближување кон ЕУ и НАТО. „Ова е историска шанса, која земјата сега мора да ја искористи“.

Дали Спогодбата за преименувањето на Македонија ќе стапи на сила, зависи и од Грција: и Парламентот во Атина мора да се согласи со Договорот. Според зборовите на Димитров, како Владата во Скопје, така и во Атина, силно се залагаат да го затворат поглавјето на 27-годишниот спор за името.

Конзуларни услуги