Македонија во светот

На 22 ноември, во Палатата Котрочени во Букурешт, новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Романија, Габриел Атанасов, ги предаде акредитивните писма на претседателот на Романија, Клаус Вернер Јоханис.

 

original 22 noiembrie 2018 61

Во оваа прилика, претседателот на Јоханис го афирмираше интересот за натамошно унапредување на билатералните односи, вклучително и на економски план. Притоа ја повтори поддршката на Романија за членството на Македонија во НАТО и процесот на интеграција во Европската Унија, каде Романија го презема претседателството со Советот на Унијата во првата половина на 2019 година. Амбасадорот Атанасов се заблагодари за поддршката на Романија во остварувањето на своите европски и евроатлански аспирации, со заложба за интензивно делување во функција на збогатување и развој на севкупните меѓусебни односи.      

Претходно, на 16 ноември, амбасадорот Атанасов имаше средба и со Министерот за надворешни работи на Романија, Теодор Мелешкану, на која ги предаде копиите од акредитивните писма. На средбата било разговарано за разни сегменти од билатералната соработка и била потенцирана заедничката спремност за засилување на соработката на сите нивоа.

Foto MAE Meleskanu Atanasov 1

Foto Mae Meleskanu Atanasov 2

Претседателот на Романија, Клаус Вернер Јоханис и Министерот за надворешни работи Теодор Мелешкану му посакаа успех на новиот Амбасадор на Република Македонија во Романија.

Конзуларни услуги