Соопштенија

На 28 ноември 2018 во Министерството за надворешни работи на Република Македонија беше поставена изложбата “Возобновување на полската дипломатска служба 1917-1921”.

 

MFA 8435 edited

Изложбата е организирана во заедничка соработка со Амбасадата на Република Полска во Скопје и е дел од одбележувањето на два значајни настани: 100-годишнината од повторното стекнување на полската независност и 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Полска.

MFA 8458 edited

Пред присутните гости, претставници на дипломатскиот кор и вработени во Министерството за надворешни работи, пригодни обраќања имаа полскиот амбасадор Војчех Јежи Тичињски и директорот за билатерални односи со европските држави во МНР Горан Цеков, кои го потенцираа значењето на партнерските и пријателски односи на двете земји, како главна одлика на севкупната соработка во изминатите 25 години, при што изразија уварување дека односите меѓу Република Македонија и Република Полска во наредниот период ќе бидат дополнително зацврстени, особено во процесите за нашето интегрирање во НАТО и ЕУ.

Конзуларни услуги