Македонија во светот

На 26 септември 2018 година, со свечен прием во Токио беа одбележани Денот на независноста на Република Македонија и 25 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Македонија и Јапонија. На настанот се обратија амбасадорот Андријана Цветковиќ, парламентарниот заменик министер за надворешни работи на Јапонија, Манабу Хории и претседателот на Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом и член на јапонско-македонската група за пријателство во јапонскиот Диет, Јасухиде Накајама.

Национален Ден на МК во Токио 1

Во обраќањата, беа акцентирани повеќе позитивни резултати постигнати на полето на билатералните односи меѓу Република Македонија и Јапонија, како отворањето на Амбасада на Јапонија во Република Македонија, формирањето на Парламентарната група за јапонско–македонска соработка во јапонскиот Диет, возобновувањето на Друштвото за јапонско–македонско пријателство, потпишаните меморандуми за соработка меѓу македонски и јапонски универзитети и многу други.

Амбасадор Андријана Цветковиќ говор

На приемот присуствуваше и министерот за образование, култура, спорт, наука и технологија, Јошимаса Хајаши, заменик министерот за надворешни работи на Јапонија, Такео Акиба, пратеници од Советничкиот дом и Претставничкиот дом на јапонскиот Диет, дел од кои се членови на Парламентарната група за јапонско – македонска соработка, како и многу носители на високи општествено-политички функции, претставници на бизнис заедницата и македонски граѓани кои живеат во Јапонија.

Национален Ден на МК во Токио 2

Амбасадорот др. Андријана Цветковиќ на приемот носеше кимоно кое е специјално дезајнирано да ја претставува Република Македонија, илустрирајќи на свила дел од историските и природни убавини на Македонија, меѓу кои црквите Св. Јован Богослов – Канео, манастирот Св. Наум Охридски, Kамениот мост, Кензо Танге и др. Кимоното е подготвено од страна на дизајнери од Кјото и е дел од кимоно проектот “Imagine one world” кој е поддржан од јапонската влада и опфаќа изработка на кимона од различни земји во светот кои ќе бидат презентирани на церемонијата на отварањето на Олимписките игри во Токио во 2020 година. 

Амбасадорот Цветковиќ со државен министер за над.политика г.Акиба

Конзуларни услуги