Соопштенија

На третата средба, која се одржа во Софија, Заедничката комисија дискутираше за историски личности и настани за заедничко одбележување од страна на владите на Република Македонија и Република Бугарија.

 

Двете страни имаа продуктивна и сериозна академска дискусија на која си разменија забелешки по однос на три предлога за заедничко одбележување, Св. Кирил и Методиј, Цар Самоил и Григор Прличев. Членовите на комисијата се сложија да предложат на владите на Република Македонија и Република Бугарија заедничко одбележување на Св. Кирил и Методиј и на Григор Прличев. Заедничката комисија смета дека овие историски личности имаат големо значење за развојот на културата на македонскиот и бугарскиот народ и претставуваат симбол за зближување на двата народи и двете држави. Иако, на средбата имаше конструктивна и долга дискусија за Цар Самоил и неговото значење за современото бугарско и македонско општество, заемно прифатливо гледиште согласно историските околности и современите академски знаења ќе продолжи да се бара на наредните средби, на кои ќе се дискутира и за други значајни историски личности и настани поврзани со минатото на двете држави, како и по прашањата за учебниците по историја.

Датумот на наредната средба ќе биде дополнително определен.

Конзуларни услуги