Соопштенија

Заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија,  Андреј Жерновски, кој ја предводеше делегацијата од Република Македонија на Министерскиот совет на ОБСЕ во Милано, имаше свое обраќање во кое се осврна на актуелните предизвици со кои се соочува Организацијата, како и за модалитетите за поефикасно справување со овие предизвици.

Obse Milano 02

Исто така, ЗМНР Жерновски во обраќањето ги презентираше и активностите околу актуелните реформи во Република Македонија за исполнување на критериумите за пристапување на земјата во ЕУ, регионалната соработка, како и активностите во насока на стекнување на членство во НАТО.

Во рамките на Министерскиот совет на ОБСЕ, Жерновски оствари билатерални средби со Генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер, со Високиот комесар за Национални малцинства, Заниер и со Директорот на ОДИХР, Гисладотир.

Obse Milano 05

За време на средбите соговорниците разменија мислења за тековните внатрешно политички случувања во Република Македонија.

На средбите беше потенцирана важната улога на Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија и поддршката за реформските процеси на Владата, со уверување дека ваквиот пристап на соработка ќе продолжи и во наредниот период.

Obse Milano 01

Од страна на заменик министерот Жерновски беше реафирмирана подготвеноста на земјата за продолжување на соработката со ОДИХР, а посебно за подобрување на изборните процеси кај нас, кои комплементарно придонесуваат за достигнување на бараните европски стандарди, важни за забрзување на процесот на интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО.

На маргините на состанокот, ЗМНР Жерновски, оствари билатерални средби со МНР на Австрија, актуелен претседавач со Советот на Европската унија, Карин Кнеисел, со МНР на Чешката Република, Томас Петричек, со ЗМНР на Грција, Томас Спенсер Николаос Квик, со државниот секретар на италијанското МНР, Пики.

Obse Milano 04

Учеството на Министерскиот совет на ОБСЕ, Жерновски го надополни со неформални средби и разменети мислења со МНР на Србија, Ивица Дачиќ, МНР на Албанија, Дитмир Бушати, МНР на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, МНР на Турција, Мевлет Чавушоглу и МНР на Малта, Кармело Абела.

Од страна на соговорниците беше истакнато дека силно ќе ги поддржат процесите за членство на Република Македонија во НАТО и ЕУ.

Obse Milano 03

Потенцирано беше дека добрите односи меѓу државите се важен предуслов за развој на земјите на Балканот и на регионот во целина, како и дека е важно билатералните прашања да се затворат низ принципот на регионална стабилност и безбедност.

„Ќе ги вложиме сите напори за да ја завршиме нашата домашна задача, со цел да обезбедиме подобар живот за нашите граѓани", беше истакнато од страна на ЗЖНР Жерновски, на средбите.

Конзуларни услуги