Соопштенија

Денес, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на покана на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во седиштето на НАТО во Брисел учествуваше на состанокот на Северно-Атлантскиот Совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи со земјите контрибутори во мисијата Решителна поддршка во Авганистан.

MFA 9312

На состанокот, министрите разговараа за напредокот и одржувањето на мисијата Решителна поддршка, за натамошната поддршка на финансиската одржливост на авганистанските безбедносни сили до 2024 година, како и за улогата на НАТО Алијансата и нејзините партнери во обезбедување на сигурна и просперитетна иднина на земјата и региoнот.

Министерот Димитров, во своето излагање, ја нагласи подготвеноста на Република Македонија за натамошна поддршка на Владата на Авганистан и нејзините безбедносни сили, со цел градење на стабилна и безбедна иднина за Авганистан и регионот.

На маргините на состанокот, денес, МНР Димитров оствари билатерални средби со МНР на Турција, Мевљут Чавушоглу, МНР на Литванија, Линас Линкевичиус, МНР на Словенија, Миро Церар, како и со заменикот генерален секретар на НАТО, Роуз Готемолер. На средбите беше разгледан статусот на пристапниот процес на Република Македонија за членство во Алијансата. МНР Димитров ги информираше соговорниците за процесот на имплементација на Договорот од Преспа, а се разговараше и за актуелните состојби во Регионот.

Димитров Готемолер 01

Димитров Чавушоглу 01

Димитров Линкевичиус 02

Димитров Церар 01

Работната посета на Министерот Димитров на Брисел завршува попладнево, со средби во седиштето на Европската комисија, со Федерика Могерини, ВП на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на ЕК, и со Јоханес Хан, комесар за европска соседска политика и проширување.

На средбите ќе се разговара за посветеноста на Република Македонија за нејзината европска перспектива и за заложбата за континуитет во спроведуваање на неопходните реформски приоритети со цел постигнување на клучната одредница за Република Македонија, рефлектирана и во усвоената Резолуција на Европскиот парламент - добивање одлука за почеток на пристапни преговори со ЕУ, во јуни 2019 година.

Конзуларни услуги