Соопштенија

Денес во Министерството за надворешни работи беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за надворешни работи и Инфо центарот за евроатлантски интеграции. Со овој документ ќе се воспостави меѓусебна соработка во интерес на промоција на евроатлантските интеграции која што ќе обезбеди простор за активен дијалог и дебата, како и организирање на промотивни настани и други активности.

131218OA MNR Dimitrov potpisuvanje memorandum 9575

Министерството за надворешни работи и Инфо центарот за евроатлантски интеграции ќе соработуваат на полето на информирање, промоција, едукација, обука, давање на помош при изработка на одредени проекти, анализи, предлози, како и други форми на размена на знаење и искуство во насока на истражување и развој од заеднички интерес.

131218OA MNR Dimitrov potpisuvanje memorandum 9554

Исто така, преку склучувањето на овој Меморандум ќе се иницира соработка со други институции и претставништва во земјата и од странство, како и релевантни невладини организации, во давање поддршка за организирање настани, иницирање проекти, обезбедување стручни консултации, размена на искуства, но и спроведување на обуки за стручни доусовршувања од делокругот на евроатлантските политики, интеграциските процеси и соработка со посебен акцент на зачленувањето на Република Македонија во НАТО.

Меморандумот за соработка го потпишаа министерот за надворешни работи Никола Димитров и Дарко Алексов, извршниот директор на Граѓанската Асоцијација МОСТ која што го имплементира проектот Инфо центар за евроатлантски интеграции.

131218OA MNR Dimitrov potpisuvanje memorandum 9568

 

Конзуларни услуги