Интервјуа и говори

Македонија: "Ќе покажеме дека на Балканот се можни чуда"

Новинар: Marc Semo
Линк: https://lemde.fr/2BmpIaL

Le mond2

Mакедонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров го брани договорот потпишан со Грција за името на неговата земја, чија ратификација се покажа како поделикатна за Скопје.

Оваа мала балканска земја беше примена во ОOН под навредливиот акроним ПЈРМ (Поранешна Југословенска Република Македонија). По дваесет и седум години поминати во одмерување сили со Грција, прашањето за нејзиното име конечно би можело да биде решено.

ПЈРМ би требало наскоро да се вика Република Северна Македонија, односно откако ќе заврши процесот на ратификација на Договорот постигнат во јуни 2018 година, меѓу македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас. Атина не му го признаваше правото на Скопје да го носи името за коешто сметаше дека исклучиво му припаѓа на грчкото историско наследство и со што го блокираше својот северен сосед на патот кон Европската унија (ЕУ) и НАТО.

Сепак, се уште ништо не е завршено. На Референдумот одржан на 30 септември, 91 %  од  граѓаните гласаа „за" компромис, но поради слабиот одѕив,  тој беше неважечки. Парламентарните процедури предвидуваат двотретинско мнозинство  со кое не располага актуелната владеачка централно-лева коалиција, додека десно ориентираната и националистичка опозиција  е иритирана.  Никола Димитров, македонскиот министер за надворешни работи кој е во посета на Париз, ги објаснува предизвиците поврзани со  ова клучно прашање за стабилноста на Балканот.

Дали мислите дека ќе успеете да го ратификувате Договорот во Парламентот?

МНР Димитров: Обезбедувањето двотретинско мнозинство е секогаш тешко во политиката, но овој пат, предизвикот е толку многу важен што ќе покажеме дека на Балканот се можни чуда. Ни недостасуваат само десет гласови. Сакаме да го финализираме гласањето во јануари, за да може потоа Договорот да биде ратификуван во грчкиот Парламент, пред да започне кампањата за европските избори. Десничарската националистичка опозиција во Грција подеднакво се противи на овој компромис како и македонската.

Како го објаснувате масовното апстинирање на гласачите на Референдумот и покрај можноста Договорот за името, конечно, да ги отвори пристапните преговори за влез во ЕУ и НАТО?

МНР Димитров: Изборните листи повеќе не соодветствуваат со реалноста, бидејќи голем број од регистрираните гласачи живеат во странство. На последните парламентарни избори во декември 2016 година, само 1.2 милиони од околу 1.8 милиони регистрирани гласачи излегоа на гласање. На референдумот имаше 660.000 гласачи од кои  610.000 гласаа „за“ Договорот. Цензусот не е постигнат, но политичкото значење на гласачкото ливче е јасно. На Договорот му беше даден легитимитет и покрај интензивната кампања на опозицијата да се бојкториа истиот.Прашањето за името е навистина многу чувствително, бидејќи го допира самиот идентитет на нацијата. Конечно, не смееме да заборавиме дека референдумот секаде претставува тешко предвидлив инструмент бидејќи гласачите не секогаш гласаат за поставеното прашање.

Le mond edited

Дали влијае разочарувачки врз Македоците воздржаноста на неколку европски главни градови, вклучувајќи го и Париз, во однос на проширувањето на балканскиот регион во ЕУ?

МНР Димитров: Според анкетите за јавното мислење, 86 % од Македонците се „за“ пристапување во Европската Унија. Балканот е како остров опкружен со земји-членки. Нема да има стабилност во Југоисточна Европа сé додека балканските земји не се интегрираат во Унијата.

Но, исто така, знаеме дека не постои скратен пат за членство. Членството треба да се заслужи. Неопходно е да се спроведат потребните реформи, да се гарантира баланс меѓу  власта и правната држава, независноста на судството, борбата против корупцијата и слободните медиуми. Процесот на интегрирање е подеднакво важен колку и самата цел. Во регионот имавме многу силни  лидери кои имаа премногу моќ во своите раце. Сега се работи на градење силни институции. 

Како го оценувате ставот на Унгарија, која му обезбеди азил на поранешниот македонски националистички премиер, Никола Груевски,  кој е во бегство по пресудата за корупција? 

МНР Димитров: Со Будимпешта имаме многу заеднички интереси и ја споделуваме  желбата  за европски Балкан. Овој поранешен премиер ѝ избега на правдата и побегна во Унгарија. Ние ги користиме сите правни постапки за да ја добиеме неговата екстрадиција. 

Стабилизацијата на Балканот, исто така, подразбира и постигнување договор за признавање помеѓу Србија и Косово, што би можел да се постигне преку размена на територии. Опасен преседан ли е тоа? 

МНР Димитров: Решението помеѓу Белград и Приштина е од суштинско значење. Но, постојат две спротивставени видувања за начинот кој ќе доведе до целта. Едниот е заснован на реформи и прифаќање на вредностите на Унијата, каде што границите стануваат се’ помалку и помалку важни, каков што e случајот со Франција и Белгија или помеѓу Франција и Германија. Другото видување се фокусира на територијални прашања. Во еден таков мешан регион, треба да се избегнува цртање на нови граници врз етнички основи.

Конзуларни услуги