Соопштенија

Денеска во Подгорица, на состанокот на Партнерската комисија на САД-Јадранската Повелба, на ниво на министри за надворешни работи на земјите членки и набљудувачи на Повелбата, беше усвоено Заедничко Комунике во кое се потенцира дека НАТО ќе ја продолжи политиката на “отворени врати” за прием на нови членки, што беше и приоритет на црногорското претседателствување со Повелбата. Во комуникето се поздравува историскиот договор меѓу Република Македонија и Грција и дека истиот го отвора патот на земјата кон членство во НАТО и ЕУ. 

А5 1

Се поздравува одлуката на Алијансата да ја покани Република Македонија да ги започне Пристапните разговори за членство на земјата во НАТО, честитајќи за преземените чекори на земјата за спроведување на пристапниот процес и успешно завршување на Пристапните разговори на Република Македонија со Алијансата. Во оваа прилика, беше упатено охрабрување за натамошна имплементација на чекорите што следат, со што ќе се овозможи членство на Република Македонија во НАТО.   

 Истакнувајќи го значењето од приемот на Република Македонија во НАТО, како 30 та земја членка на Алијансата, Министрите во Комуникето се заложија за натамошна силна поддршка, со уверување дека со членството на земјата во НАТО значително ќе се придонесе за регионалната безбедност и стабилност.

Заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Андреј Жерновски, имаше свое излагање каде што го истакна значењето на петнаесетгодишното постоење на САД-Јадранската повелба, како значаен формат за унапредување на регионалната соработка и поддршка за земјите на патот за евро-атлантските интеграции.

А5 2

„Силната посветеност на македонската Влада, упорноста и политичката енергија во напорите да ги реализираме стратешките интереси на нашата земја, беа препознаени од нашите НАТО и ЕУ партнери и затоа Република Македонија ќе биде 30-та земја членка на НАТО”, истакна Жерновски на состанокот. Подвлекувајќи ја важноста од зајакната меѓусебна соработка, ја акцентираше потребата за унапредување на комуникацијата и натамошната заедничка поддршка како одговор на новите безбедносни предизвици, но и во поддршка на процесите кои ќе овозможат заокружување на европските и евроатлантските интеграции на земјите од Регионот.

Во оваа прилика, ЗМНР Жерновски, заедно со останатите шефови на делегации, остварија средба и со Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ. На средбата, се разговараше за актуелната политичка состојба во Регионот и безбедносните  предизвици со кои истиот се соочува, ја реафирмираа потребата и подготвеноста за зајкната меѓусебна соработка и заеднички напори за натамошен придонес кон обезбедување на натамошна безбедност и стабилност во Регионот.

А5 3

Следна земја претседавач со САД -Јадранската Повелба ќе биде Република Албанија.

Конзуларни услуги