Соопштенија

Денес, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Иван Брајовиќ, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.

 

230119OA MNR Dimitrov sredba so pretsedatelot na sobranie na Crna Gora 9958

Двајцата соговорници разменија мислења за сèвкупните односи меѓу Црна Гора и Република Македонија и се сложија за потребата одличните пријателски односи да добијат и интензивна економска димензија.

230119OA MNR Dimitrov sredba so pretsedatelot na sobranie na Crna Gora 9970

Министерот Димитров, истакна: „Се радуваме што ќе ѝ се придружиме на Црна Гора во НАТО и во процесот на преговори за членство во ЕУ“ и се  заблагодари на конзистентната поддршка која Република Македонија ја добива од Црна Гора на тој план.

Претседателот на Собранието на Црна Гора, Иван Брајовиќ, ја реафирмираше силната поддршка од страна на Црна Гора со цел полноправно членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО, упатувајќи охрабрувачки пораки за скоро финализирање на отпочнатите процеси. Тој изрази уверување дека Црна Гора ќе биде меѓу првите земји чие Собрание ќе го ратификува протоколот за пристапување на Република Македонија во НАТО.

Конзуларни услуги