Соопштенија

На покана на министерот за надворешни работи Никола Димитров, на 28 и 29 јануари 2019 година, во официјална возвратна посета на Република Македонија престојува министерот за надворешни работи на Република Литванија, Линас Линкевичиус.

 

MFA 0008

На пленарните разговори двајцата министри ги потенцираа одличните билатерални односи на двете земји, при што се заложија за преземање на конкретни активности во правец на нивно натамошно збогатување и унапредување.

MFA 0089

МНР Димитров се осврна на реформскиот курс на Владата на Република Македонија, како дел од програмата за исполнување на обврските за интеграција на земјата во ЕУ и НАТО, при што го издвои постигнатиот напредок во делот на владеење на правото, слобода на медиумите, борбата против корупција, отчетноста и доброто владеење. МНР Линкевичиус посочи дека остварените резултати од македонска страна се веќе препознаени од страна на евроатлантските партнери и дека Литванија останува верен поддржувач и партнер на македонските заложби за полноправно членство во ЕУ и НАТО. Во однос на секторската соработка, двајцата министри го апострофираа значењето од натамошно интензивирање на соработката на економски и трговски план и воедно, во насока на унапредување на правната рамка на двете држави, потпишаа билатерална Спогодба за меѓународен патен превоз.

MFA 0043

За време на посетата, во организација на Инфо центарот за евроатлантски интеграции, а со поддршка на македонското МНР, беше одржана и панел – дискусија на тема: „Заеднички цели: стабилност на Балканот, безбедност на Балтикот”. Пред присутните претставници на дипломатскиот кор, невладините организации, студенти, професори и новинари, министрите Димитров и Линкевичиус говореа за улогата на НАТО и ЕУ во одржувањето на мирот и стабилноста во Европа, со акцент на Балканот и Балтикот.

Министерот Димитров ја реафирмираше посветеноста и подготвеноста на Република Македонија за успешно финализирање на процесите за да стане членка на  големото европско и евро-атлантско семејство; нагласи дека Република Македонија е спремна да  обезбеди стабилност и сигурност за своите граѓани, додавајќи дека создавањето на безбедна и стабилна Македонија директно ќе придонесе за натамошно јакнење на регионалната безбедност и стабилност. Министерот Линкевичиус потенцираше дека креирањето на безбедносни и  стабилни држави во Регионот на Западен Балкан е од круцијално значење за Европа како целина.На панелот, министрите Димитров и Линкевичиус констатираа дека EУ и НАТО поттикнаа позитивна промена, просперитет и стабилност на Балтикот, со уверување дека таква позитивна улога ќе имаат и на Балканот.

MFA 0220

 

 

Конзуларни услуги