Соопштенија

Денес, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, испрати возвратно писмо до министерот за надворешни работи на Република Македонија,  Никола Димитров, со кое го потврдува приемот на упатеното писмо од страна на министерот Димитров од 21 јануари 2019 год., во кое од наша страна е изразена подготвеноста и способноста на земјата да ги прифати и почитува обврските и заложбите за членство на Република Македонија во НАТО, содржани во Вашингтонскиот договор и Студијата за проширување на НАТО од 1995 година, формално изразувајќи интерес за добивање покана за пристапување кон НАТО.

Во писмото од Генералниот секретар на НАТО, се истакнува дека во подготовка е Пристапниот Протокол кој е предвидено наскоро да биде потпишан од страна на постојаните претставници на земјите членки на НАТО, за што ќе следи и покана до МНР Никола Димитров за присуство на церемонијата на потпишувањето на Протоколот.   

Со потпишувањето на Пристапниот Протокол, започнува следната фаза од пристапниот процес, по што следи ратификација на Протоколот во националните парламенти на земјите членки на Алијансата.

Конзуларни услуги