На покана на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров денес учествуваше на состанокот на Северно-атлантскиот совет по повод потпишувањето на Пристапниот протокол за членство на Република Македонија во НАТО, што се одржа во седиштето на НАТО во Брисел.
На состанокот, по воведните обраќања на Генералниот секретар Столтенберг и министерот Димитров, 29-те земји членки, претставени од нивните овластени Постојани претставници во НАТО, го потпишаа Протоколот за пристапување на Република Македонија во НАТО.
Со овој чекор се заокружи еден значаен дел од пристапниот процес, по што следува процес на ратификација на Пристапниот протокол во националните Парламенти на земјите членки на НАТО.
По потпишувањето на Пристапниот протокол, Република Македонија ќе учествува на сите состаноци на НАТО, во својство на поканета земја.