Северна Македонија во светот

Амбасадорот Данчо Марковски, вршител на работи во Амбасадата на Република Македонија во Тирана, денес оствари средба со претседателот на Собранието на Република Албанија, Гамоз Ручи. Тема на разговорот беа досегашните активности во процесот на пристапување на Република Македонија во НАТО, односно ратификацијата на Протоколот во националните парламенти на земјите членки на Алијансата.

51596387 2295057937172470 2219551957981331456 n

Претседателот Грамоз Ручи истакна дека веста за членството на Република Македонија во НАТО била добро примена и поздравена од сите значајни државни и политички субјекти во Албанија, додавајќи дека тоа е добра вест и за целиот регион.Претседателот Грамоз Ручи истакна дека веста за членството на Република Македонија во НАТО била добро примена и поздравена од сите значајни државни и политички субјекти во Албанија, додавајќи дека тоа е добра вест и за целиот регион.

Потенцирајќи го духот на заемно пријателство и воспоставените добри односи меѓу двете земји, Ручи информирал дека била донесена одлука ратификацијата на Протоколот да се изгласа по забрзана постапка. Одлуката за ратификација ќе биде ставена на дневен ред како прва точка на идната седница на Собранието, која ќе се одржи на 14 февруари 2019, во 10.00 часот. Претседателот Ручи по извршените консултации со лидерите на политичките партии во Собранието очекува одлуката да биде донесена со целосен консензус. Со овој чин Албанија ќе биде меѓу првите земји што го ратификувале Протоколот.

Конзуларни услуги