Соопштенија

Заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, денеска оствари средба со  вонредниот и ополномоштен амбасадор на Украина во Република Македонија, г-ѓа Наталија Задорожњук.

 

11 02 19 ZMNR sredba so amb. na Ukraina 0811

На средбата беа разгледани повеќе прашања од доменот на односите и соработката меѓу двете земји. Заменик-министерот Жерновски и амбасадорот Задорожњук изразија задоволство од неодамна одржаните политички консултации меѓу Министерствата за надворешни работи на двете земји во Киев и потпишувањето на Планот за консултации кои ќе придонесат за натамошно интензивирање на политичкиот дијалог и соработката во сите области од заемен интерес.

11 02 19 ZMNR sredba so amb. na Ukraina 0814

На средбата беа разменети мислења и за други актуелни теми од меѓународните односи, внатрешно политичките и економски состојби во двете земји, како и за актуелните регионални прашања. 

Заеднички констатираа  дека Македонија и Украина имаат исти приоритети, а тоа се евро-атлантските структури, при што од страна на ЗМНР Жерновски беше понудена  секаков вид на поддршка на Украина на патот кон нејзиното придружување во  евроатланските организации.

Конзуларни услуги