Северна Македонија во светот

Денеска, 26 февруари 2019 година, амбасадорот и постојан претставник на Република Северна Македонија при ОН, Игор Џундев ги предаде акредитивните писма на генералниот директор на Канцеларијата на Обединетите нации во Виена, Јури Федотов.

IMG 20190226 WA0000

На средбата двајцата соговорници разменија мислења за соработката меѓу Северна Македонија и Обединетите нации, значењето и улогата на Организацијата  во справувањето со предизвиците со кои се соочува денешниот свет. На средбата,  се разговараше и за потребата од континуирано реформирање на Обединетите нации при што беа поздравени активностите кои ги презема Генералниот секретар на ОН на тој план.

 

Соговорниците го потенцираа значењето на мултилатералната соработка и потребата од нејзиното зајакнување, при што се осврнаа и на тековната соработка на нашата земја со Канцеларијата на ОН за дроги и криминал во Виена и можностите за нејзиното унапредување имајќи го предвид нејзиниот специфичен мандат.

На крајот на средбата генералниот директор Федотов упати честитки за постигнатиот договор за решение на  долгогодишниот спор за името.

Конзуларни услуги