Соопштенија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, во името на Владата на Република Северна Македонија, денес положи цвеќе на споменикот на 7.144 македонски Евреи кои во 1943 година беа присилно собрани во просториите на тогашниот Монопол и беа испратени во логорот на смртта Треблинка.

 

110319OA MNR Dimitrov 11.03.2019 Odbelezuvanje 76 godini od deportacijata na makedonskite Evrei 3178

Во обраќањето пред присутните, министерот Димитров истакна дека и по 76 години, „тагата, болката и огорченоста од монструозниот обид за уништување на еврејскиот народ се вечни. Вечна е и нашата обврска, должност и чест да не го заборавиме никогаш тоа што се случи, за никогаш да не се повтори".

110319OA MNR Dimitrov 11.03.2019 Odbelezuvanje 76 godini od deportacijata na makedonskite Evrei 3185

МНР Димитров нагласи дека му е особена чест да се положи цвеќе „пред овој споменик, паметник и светилник: споменик на македонските Евреи жртви на Холокаустот; паметник за најголемото зло во историјата на човештво; светилник кој секогаш ќе нè води на вистинскиот пат да го негуваме споменот, да ги едуцираме младите генерации, да истражуваме, да бидеме постојано будни и да се бориме против негирањето и искривоколчувањето на Холокаустот, против антисемитизмот,  дискриминацијата и сите други форми на кршење на човековите права“.

110319OA MNR Dimitrov 11.03.2019 Odbelezuvanje 76 godini od deportacijata na makedonskite Evrei 2976

110319OA MNR Dimitrov 11.03.2019 Odbelezuvanje 76 godini od deportacijata na makedonskite Evrei 3183

Конзуларни услуги