Соопштенија

На 11 март 2019  година, заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Андреј Жерновски оствари средба со амбасадорот на Република Словенија во Република Северна Македонија, Милан Јазбец.

 

IMG 20190311 150508 496

На средбата беа потврдени одличните билатерални односи меѓу двете држави, а се разговараше и за можностите за зајакнување на економската соработка..  

Aмбасадорот  Јазбец  упати честитки до Владата на Република Северна Македонија за постигнатиот напредокот на патот кон евро-атланските интеграции, воедно реафирмирајќи ја силната поддршка од Словенија за целосно интегрирање на Република Северна Македонија во НАТО Алијансата и брзо отпочнување на пристапните преговори со Европската Унија.

IMG 20190311 150526 352

ЗМНР Жерновски упати благодарност  за силната и безрезервна поддршка од Р.Словенија, особено што Словенија беше втора држава (по Грција)  чие Собрание го ратификуваше Пристапниот протокол за членство на Република Северна Македонија во НАТО.

Конзуларни услуги