Соопштенија

Средба на МНР Димитров со амбасадорот Жорж Сантер, претседавач со Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот – ИХРА.

 

110319OA MNR Dimitrov Sredba so pretsedavacot na IHRA 3223

Министерот Димитров изрази задоволство што, по прв пат, еден актуелен претседавач со ИХРА и висок претставник на Постојаната канцеларија на ИХРА од Берлин, присуствуваат на комеморативните настани по повод одбележувањето на 11 март - денот на депортација на македонските Евреи. Министерот истакна дека оваа посета претставува не само израз на почитување кон жртвите на Холокаустот, туку еден вид и признание на нашите активности и конкретни мерки кои Владата на Република Северна Македонија ги презема на планот на негувањето на споменот кон нашите сограѓани Евреи кои ги загубија нивните животи во логорот на смртта Треблинка.

110319OA MNR Dimitrov Sredba so pretsedavacot na IHRA 3237

МНР Димитров го запозна соговорникот со активностите кои државата ги презема на планот на сеќавањето и образованието на Холокаустот, борбата против негирањето и искривоколчувањето на Холокаустот, борбата против антисемитизмот, дискриминацијата по многу основи, говорот на омраза и другите форми на кршење на човековите права, и ја подвлече цврстата определба, посебно на Министерството за надворешни работи, за продолжување на ангажманот во насока на интензивирање и збогатување на активностите на сите полиња поврзани со Холокаустот.

Амбасадорот Сантер подвлече дека ИХРА високо ги цени мерките кои државата ги презема на планот на сеќавањето и образованието на Холокаустот, особено преку усвојувањето на работната дефиниција за антисемитизмот на ИХРА, со што беа испочитувани препораките на ИХРА и на Европскиот парламент. Минатогодишното заедничко одбележување со Бугарија и оддавање почит пред споменикот на жртвите на Холокаустот во Скопје, покрај придонесот во зацврстувањето на добрососедските односи, испраќа и силна порака за определбите на двете влади во однос на сеќавањето и почитта кон жртвите на Холокаустот. Во оваа насока, истакна дека земјата поседува одлично досие кое заслужува да биде претставено пред земјите членки на ИХРА и изрази надеж дека Северна Македонија наскоро ќе поднесе кандидатура за стекнување полноправно членство во ИХРА.

110319OA MNR Dimitrov Sredba so pretsedavacot na IHRA 3220

 

Конзуларни услуги