Соопштенија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денес оствари средба со извршниот потпретседател на Светскиот Еврејски Конгрес, Роберт Сингер.

 

120319OA MNR Dimitrov Sredba so potpretsedatelot na WJC 3422

МНР Димитров го информира потпретседателот Сингер за конкретните активности и мерки кои државата ги презема на планот на сеќавањето и образованието за Холокаустот, притоа изразувајќи задоволство од одличната соработка со Еврејската заедница во Република Северна Македонија, која има значајна улога во општествениот и културниот живот на нашата земја.

120319OA MNR Dimitrov Sredba so potpretsedatelot na WJC 3451

Извршниот потпретседател Сингер се заблагодари за поддршката на Владата на Северна Македонија на активностите на еврејската заедница во земјата и оддаде признание за придонесот на државата во негување на споменот на македонските Евреи, кои во 1943 година беа депортирани во логорот на смртта Треблинка. Во тој правец, ја истакна важноста на процесот на едукација на новите генерации како најдобар механизам за справување со заканите од негирање и искривоколчување на Холокаустот, анти-семитизмот и говорот на омраза. Тој ја нагласи подготвеноста на Светскиот Еврејски Конгрес, како меѓународна организација која ги претставува еврејските заедници и организации во над 100 земји низ светот, во претстојниот период активно да продолжи да соработува со Северна Македонија преку разни кампањи и програми.

Конзуларни услуги