Соопштенија

Денеска на покана на министерот за надворешни работи Никола Димитров, во официјална посета на Република Северна Македонија престојуваше министерот за надворешни работи на Република Чешка, Томаш Петржичек.

 

140319OA MNR Dimitrov Oficijalna poseta na MNR na Cheska 3651

Во фокусот на разговорите помеѓу двајцата Министри беше процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија и очекувањето за добивање одлука во јуни годинава за почеток на пристапните преговори со Унијата. Во таа смисла беше поздравен напредокот во делот на домашните реформи и потврдена континуираната поддршка на Република Чешка како еден од најгласните и најактивни поддржувачи на европскиот пат на нашата земја.

140319OA MNR Dimitrov Oficijalna poseta na MNR na Cheska 3679

Од чешка страна беше поздравен направениот исчекор во однос на нашето членство во НАТО преку потпишувањето на Пристапниот протокол, со уверување дека процедурата за негова ратификација од страна на чешкиот Законодавен дом ќе биде завршена во текот на наредните месеци.

140319OA MNR Dimitrov Oficijalna poseta na MNR na Cheska 3724

140319OA MNR Dimitrov Oficijalna poseta na MNR na Cheska 3727

За време на разговорите, министрите Димитров и Петржичек ја нагласија важноста од постојано негување и збогатување на меѓусебното пријателство и соработка, како и одржување на активниот политички дијалог на високо и највисоко ниво. Во таа насока, а како дополнителен поттик за меѓусебната соработка и поредовни консултации за прашања од обостран интерес, двајцата министри потпишаа и Меморандум за соработка помеѓу Министерствата за надворешни работи.

140319OA MNR Dimitrov Oficijalna poseta na MNR na Cheska 3737

140319OA MNR Dimitrov Oficijalna poseta na MNR na Cheska 3756

Шефовите на двете дипломатии го потенцираа и значењето од натамошно интензивирање на размената на економски и трговски план, како и потребата од креирање на поволен бизнис амбиент и блиски релации помеѓу бизнис заедниците на двете земји.

140319OA MNR Dimitrov Oficijalna poseta na MNR na Cheska 3830

Конзуларни услуги