Соопштенија

На покана на Здружението на дипломирани студенти од Република Северна Македонија во Република Турција и Амбасадата на Република Турција во Скопје, денес министерот за надворешни работи, Никола Димитров, учествуваше, како почесен гостин, на работниот доручек на тема „Македонската надворешна политика во услови на променлива динамика“.

 

140319OA MNR Dimitrov Raboten pojadok so studenti koi studirale vo Turcija 3524

Во своето обраќање пред присутните, министерот  Димитров се осврна на клучните внатрешни и надворешно-политички моменти во последните две години – меѓународната репутација на земјата - од земја во изолација и криза, во држава на успех и напредок; потпишувањето на договорите за Пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија, Договорот од Преспа со Грција, потпишувањето на Протоколот за членство во НАТО и за напорите конечно да се започнат пристапните преговори за членство со ЕУ.

140319OA MNR Dimitrov Raboten pojadok so studenti koi studirale vo Turcija 3553

МНР Димитров го пренесе задоволството од големиот број студенти од Северна Македонија кои студираат во Турција и обратно. Се заблагодари за доделените турски стипендии за нашите студенти, чија бројка досега достигнува 1400, нагласувајќи дека студентската популација „претставува нераскинлива врска и мост меѓу двете пријателски земји и народи“.

Во разговорите со претставниците на Здружението, како и на турските компании и културни установи, беше изразено задоволство од нивото на соработката со Турција која се одвива во духот на традиционалното пријателство, со нагласен  позитивен пристап на двете земји за продлабочување на севкупната соработка.

Конзуларни услуги