North Macedonia in the World

На 14 март 2019 година, во Претседателската палата, новоменуваниот амбасадор на Република Северна Македонија Сузана Зеленковска ги предаде акредитивните писма на претседателот на Република Словенија, Борут Пахор.

D1m uN8WwAAivB4

По свечената церемонија, амбасадорот Сузана Зеленковска оствари разговор со претседателот на Словенија Борут Пахор, на кој двајцата соговорници изразија задоволство од одличните политички односи и долгогодишната соработка и пријателство меѓу Република Северна Македонија и Република Словенија. Претседателот Борут Пахор упати честитки за затворањето на отворените прашања со соседите, потенцирајќи ја политичката храброст и мудрост на премиерот Зоран Заев и сите останати вклучени во овие процеси. Нагласи дека Словенија целосно ги поддржува евроатлантските интеграции на Република Северна Македонија и очекува Северна Македонија да ги започне преговорите за членство во Европската унија во јуни оваа година.

Амбасадорот Сузана Зеленковска се заблагодари за досегашната континуирана поддршка од Словенија за евроатлантските интеграции на Република Северна Македонија и изрази уверување за натамошно интензивирање на билатералната соработка во сите области. На крајот, претседателот Пахор и посака успех во извршувањето на новата функција на новоименуваниот амбасадор на Република Северна Македонија во Република Словенија.