Соопштенија

Првиот ден од работната посета на Берлин, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, го започна со брифинг со пратеничката група за надворешна политика на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот.

Министерот Димитров пред германските пратеници го презентираше постигнатиот успех во односите со соседите, пред се’ преку договорите со Грција и Бугарија, и понуди кус осврт на реформските резултати и очекувањата на земјата во насока на донесување одлука за почеток на пристапните преговори во јуни оваа година.

Брифинг Берлинг 1

МНР Димитров: „Северна Македонија годинава претставува случај на надеж и охрабрување за регионот и Европа. Поткрепени од постигнатото, денеска во Берлин нудиме аргументи за тоа зошто е важно нашите германски пријатели да не’ поддржат во отворањето на наредната врата од нашето европско патување. Направивме доста, но не’ чека уште многу работа за да стигнеме до поскауваната цел - нова европска реалност, преку темелна реформа и фундаментална трансформација на општеството и државата. Јасното препознавање на нашите напори ќе значи консолидација на постигнатото и дополнителен поттик на овој пат, како за Северна Македонија така и за европската иднина на целиот регион.“

Брифинг Берлинг 2

Во таа прилика, пратеникот Јурген Харт, портпарол на ЦДУ/ЦСУ за надворешна политика и член на работната група, кој го водеше состанокот исткана: „После храбриот чекор во надминување на деценискиот спор со Грција, Северна Македонија ја има нашата полна поддршка за членството во НАТО и приближувањето кон ЕУ.”

МНР Димитров Јурген Харт

Во рамки на денешните средби во Бундестагот, министерот Димитров се сретна и со лидерот на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ, Ралф Бринкхаус, со кој разговараа за актуелностите во процесот на нашата европска интеграција и подрршката и позициите на ЦДИ/ЦСУ во тој контекст, како и за други теми од регионален карактер.

МНР Димитров Ралф Бринкхаус

Денешната посета продолжува со средби со претставници на Канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел. Утре, во активностите на вториот ден од посетата ќе се вклучи и ЗПВРСМ Бујар Османи, при што е планиран заеднички брифинг пред парламентарната Комисија за европски прашања во Бундестагот, на која ќе го презентираат  напредокот и подготвеноста на земјата за почеток на пристапните преговори со Европската унија, во пресрет на јунскиот Совет на ЕУ. Предвидени се и средби со министерот за Европа, Михаил Рот и новата лидерка на ЦДУ, Анегрет Крамп-Каренбауер.

Конзуларни услуги