Соопштенија

На 9 април 2019 г. во Подгорица, се одржаа политички консултации меѓу Министерствата за надворешни работи на Република Северна Македонија и Црна Гора, предводени од државните секретари Виктор Димовски и Зоран Јанковиќ.

 

IMG 3065

Во своето обраќање државниот секретар Димовски го реафирмираше интересот за унапредување на односите и соработката во сите области од заемен интерес и посебно на економски план каде постојат бројни можности. Воедно, се заблагодари за црногорската подршката на планот на евроатланските интегративни процеси демонстрирана и со брзата ратификација на НАТО пристапниот протокол за нашата земја.

IMG 3067

Обострано беше констатирано дека двете земји негуваат одлични политички односи без отворени прашања и споделуваат исти надворешно политички приоритети.

Делегациите разменија мислења за севкупните билатерални односи и можностите за нивно унапредување, со акцент на соработката во рамките на европските и евроатланските структури, паралелно со соработката во областа на економијата и туризмот, трговијата, инфраструктурата, комуникациите и културата, како и збогатувањето на билатералната правна рамка во сите  останати области од заемен интерес.

IMG 3066

Конзуларни услуги