Соопштенија

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров во рамки на работната посета на Сојузна Република Германија одржаа брифинг пред Комисијата за ЕУ во Германскиот Бундестаг.

 

 PHOTO 2019 04 10 18 11 50

Пред Комисијата за ЕУ, ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров реферираа за текот на спроведување на реформите за европска интеграција на земјава, спроведувањето на донесените европски закони, како и имплементацијата на обврските кои произлегуваат од Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија.

Во своето обраќање министерот Димитров истакна: “Тука сме бидејќи веруваме дека имаме доволно аргументи за да ве увериме дека одлуката за почеток на преговори е заслужена и дека отворањето на патот кон ЕУ ќе претставува силно охрабрување за целта до која сакаме да стигнеме - модерна европска демократија. Воедно тоа ќе претставува и јасна поддршка за еден вид на лидерство што ни треба повеќе во регионот. Лидерство кое се стреми на европски начин да ги решава проблемите и да создава иднина.”

„Република Северна Македонија е подготвена да ги почне преговорите со Европската унија уште денес. Успехот на земјата создаде нова реалност на Балканот, и истовремено е веројатно најуспешната европска приказна во регионот; угледен пример за другите земји од Западен Балкан- јасно прикажувајќи ја трансформативната моќ на европската идеја", истакна вицепремиерот Османи. „Сето ова го постигнавме со храбри лидерски потези, со одлучен фокус и посветена работа, и затоа наша обврска е за овој наш напредок да ги убедиме сите земји членки, особено оние чија поддршка го насочува текот на политиките на целата Унија“, додаде Османи.

Претходно ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров се сретнаа со пратеникот Јохан Вадефул, остварија официјална средба со претседателката на ЦДУ, Анегрет Крамп-Каренбауер, како и со Државниот министер за Европа на Германија, Михаел Рот.

Конзуларни услуги