Соопштенија

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, утре и задутре (четврток и петок, 11 и 12 април 2019 год.),  ќе учествува на подготовителниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите учеснички во Берлинскиот процес, кој се одржува во Варшава.

 

Состанокот е предвиден како подготовка на шестиот Самит на Берлинскиот процес, кој оваа година се ќе одржи на 5-ти јули во Познан, а целта е  осврт на земјите учеснички во Процесот кон она што е постигнато во изминатата година, идентификувајќи ги достигнувањата, предизвиците и можностите за земјите од Западен Балкан.

Во рамки на трите предвидени сесии, Министрите за надворешни работи ќе имаат можност да ги споделат своите ставови и искуства во однос на продлабочување на регионалната соработка и решавање на отворените билатерални прашања, проширување на областите на соработка на младите од регионот, со акцент на Регионалната канцеларија за млади (RYCO), како и за очекувањата во поглед на придобивките од Самитот во Познан.

На постојниот формат на земјите од ЗБ6 и земјите-членки на ЕУ кои досега беа дел од Процесот (Германија, Австрија, Франција, Италија, Обединетото Кралство, Полска, Хрватска и Словенија), годинава им се придружуваат и Бугарија и Грција.

По завршување на состанокот, ќе се одржи и Третата министерска конференција на Фондот за Западен Балкан.

Конзуларни услуги