Северна Македонија во светот

Денес (11 април 2019г.) во Кралската палата во Мадрид, новоименуваниот амбасадор на Република Северна Македонија во Кралството Шпанија Оливер Крлиу, му ги предаде акредитивните писма за неговото именување на шпанскиот крал Фелипе VI.

 

image1

Церемонијата започна со традиционалната поворка на кочии со која амбасадорот Крлиу и претставници на Амбасадата се упатија од Министерството за надворешни работи, ЕУ и соработка на Кралството Шпанија кон Кралската Палата, каде што се одржа чинот на предавање на  акредитивните писма.

По свечениот чин, амбасадорот Крлиу беше примен во аудиенција од кралот Фелипе VI, при што во присуство на министерот за надворешни работи на Кралството Шпанија, Жозеп Борељ, се разговараше за актуелни теми од заеднички интерес на двете држави.

image2

Упатувајќи искрени честитки за постигнувањето на договорот од Преспа и изразувајќи поддршка за евро-атлантското интегрирање на нашата земја, шпанскиот суверен му посака успех во извршувањето на одговорната функција на новоименуваниот амбасадор на Република Северна Македонија во Кралството Шпанија.

 

Конзуларни услуги