Соопштенија

Третата средба на Заедничкиот мултидисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања се одржа во Атина на 12 и 13 април 2019 година, во пријателска, конструктивна и позитивна атмосфера.

 

Беше остварен напредок во однос на исполнувањето на задачите на Комитетот и беа потврдени и дополнително елаборирани заклучоците од втората средба.

Двете страни се согласија да продолжат со имплементација на мандатот што им е доделен со Преспанскиот договор, во рамката на принципите и целите на УНЕСКО и Советот на Европа.

На средбата беа разгледани и дискутирани курикулумите на двете страни, а исто така се разговараше и за учебниците по историја.

Конзуларни услуги