Соопштенија

На 15 и 16 април, во работна посета на Република Северна Македонија, престојува заменик-министерот за надворешни работи на Грција, задолжен за грчката дијаспора, Теренс Николаос Куик.

 

150419OA MNR Dimitrov Sredba so ZMNR na Grcija Nikolaos Quick 5663

На средбата со МНР Димитров, беше изразено задоволство од нагорниот тренд со кој се развиваат односите и соработката, согласно начелата на Договорот од Преспа и интензивната билатерална комуникација меѓу двете земји. Заеднички беше констатирано дека историската посета на грчкиот претседател на Владата, Алексис Ципрас и потпишаните договори, означуваат значаен исчекор во конкретизирање на соработката, особено таа на економски план и преку-граничното поврзување.

150419OA MNR Dimitrov Sredba so ZMNR na Grcija Nikolaos Quick 5676

Министерот Димитров ја пренесе благодарноста за поддршката од Грција за интеграцијата на Северна Македонија во НАТО и ЕУ, истакнувајќи дека со заедничка доверба и воља, може да се решат сите прашања кои ги засегаат двете држави.

150419OA MNR Dimitrov Sredba so ZMNR na Grcija Nikolaos Quick 5667

Во рамките на посетата, заменик-министерот Куик беше примен и од претседателот на Владата,  Зоран Заев, министерот без ресор задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми и заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски.

150419OA MNR Dimitrov Sredba so ZMNR na Grcija Nikolaos Quick 5677

Конзуларни услуги