Соопштенија

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров денес го прими Амбасадорот на Соединетите Мексикански Држави во Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Марко Антонио Гарсија Бланко.

030519OA MNR Dimitrov Sredba so ambasadorot na Meksiko 5833

На средбата се разговараше за досегашниот развој на билатералниот политички дијалог и за одличната соработка во мултилатералната сфера. Беа разгледани и можностите и иницијативите за конкретна соработка и за интензивирање на односите во претстојниот период, особено во доменот на економијата и трговската размена, културата, дипломатската едукација, како и во други области од заемен интерес. Беше потврден взаемниот интерес за унапредување на договорната рамка и за либерализација на визниот режим од мексиканската страна кон државјаните на нашата држава.

MNR Dimitrov Sredba so ambasadorot na Meksiko

На средбата, министерот Димитров ги прими патентните писма за именување на Енвер Малики за Почесен конзул на Соединетите Мексикански Држави во Република Северна Македонија.

 030519OA MNR Dimitrov Sredba so ambasadorot na Meksiko 5848

 

Конзуларни услуги